Компанијата Фејсбук признала дека поради новиот “баг”, во текот на месец мај минатата година биле загрозени 14 милиони профили. Објавите на корисниците, без нивно одобрение, биле префрлени од приватни на јавни, односно сè на нивните профили станало достапно за сите.

Ова се случувало во рок од 10 дена кога тие профили станале отворени, а никој од корисниците не добил известување за ваквата промена. До грешката дошло кога Фејсбук тестирал нова опција на мрежата кога, како што тврдат тие, ненамерно дошло до промена во поставките на одредени профили.

Имено, профилите на луѓето кои биле заклучени и недостапни за другите кои не им се пријатели, станале автоматски отклучени, а сите активности на профилите биле видливи. Ова се случило помеѓу 18-ти и 27-ми мај при што само објавите од тој период биле јавни.

Ова е само еден од низата пропусти на Фејсбук кога е во прашање приватноста на корисниците. Компанијата издала соопштение и извинување до јавноста, а сите кои биле загрозени од оваа грешка ќе добијат известување.