eksterno-testiranje-tviter

Од 60 илјади прашања за екстерно тестирање на учениците, кај 151 биле пронајдени грешки. Тие ќе се корегираат и повторно ќе бидат објавени во базата, објави министерот за образование Спиро Ристовски.

Во интервју за МИА, Ристовски објаснува дека за половина месец, колку што се ставени на увид прашањата, пристигнале 720 коментари и сугестии за исправка.

„Она што беше издржано и основано е прифатено и ннаправени се соодветни корекции на 151 прашање од аспект на конципираност, превод и редакција, така што во тој дел не очекувам реакции кога ќе почне процесот“, истакна Ристовски.

Дел од нелогичностите ги посочиле самите ученици, кои преку електронски систем имаа увид во прашањата за кои треба да се подготвуваат. Матурантите на завршна трета и четврта година од средното образование в недела ќе ги дознаат двата предмети кои ќе ги полагаат. Испитот ќе се одржи на 22 и 24-ти јануари.

Годинава матурантите првпат, освен државната матура ќе полагаат и екстерен тест по два предмети. Учениците од прва, втора и трета година, пак, екстерен тест ќе полагаат на крајот на учебната година.

Прашањата за екстерното тестирање на матурантите можете да ги погледенетеТУКА.

Извор: Faktor.mk