
Вчера во најавена посета на Општина Делчево и Градоначалникот Дарко Шехтански беа ученици од ООУ “Ванчо Прке” од Делчево…
Во рамки на предвидената наставна програма учениците од ООУ ”Ванчо Прке” – Делчево беа во највена посета на Општина Делчево и кабинетот на градоначалникот Дарко Шехтански.
Учениците беа одблиску запознаени со работата на Градоначалникот, надлежностите и обврските кои произлегуваат од функцијата градоначалник.
Исто така во рамки на посетата учениците беа запознаени и со работата на останатите служби во состав на ЕЛС Делчево, а истите поставуваа прашања за тоа како работи Градоначалникот и службите во Локалната самоуправа.
Инаку овие посети учениците ги остваруваат во рамките на својата наставна програма, а истите пред некој ден беа во посета на Полициската станица во Делчево, Поштата ,а предвидени се и посети на Спомен домот АСНОМ и Музејот на Општина Делчево.