
Учениците од IV одделение при ООУ “Св.Климент Охридски” од Делчево вчера организираа интересен настан кој го нарекоа “Сладок Панаѓур”…
Станува збор за проект кој учениците го изучуваат по еден од предметите во нивната настава и тоа што го научиле го претставија на еден интересн и доста креативен начин.
Проектот учениците го организираa сами под менторство на нивната наставничка Светлана Цасконоје, а истиот го нарекоа ” Сложна дружина”, по текст од нивниот учебник.
Проектот се состоеше во правење на нарјазлични слатки и колачи кои вредните ученици со помошта на нивните родители ги направија навистина добро, со што покажаа дека наученото може да се претстави и на дело.
Направените работи беа изложени во холот на самото училиште и истите беа ставени на продажба по скромни цени, а од собраните пари дечињата одлучија во иднина да посетат некоја театарска претстава.