Вечерва 50-на ученици од ООУ Св.Климент Охридски од Делчево заедно со уште 6 наставници заминуваат во дводневна возвратна посета кај нивните соученици во градот Рача, Република Србија…

normal_OU_Sv_Kliment_Ohridski-Delcevo

По посетата на Делчево од страна на учениците од збратименото училиште од градот Рача, Р.Србија по повод патрониот празник на ООУ “Св.Климент Охридски” на 8-ми декамври минатата година, денеска на возвратна дводневна посета заминуваат учениците од Делчево по повод патрониот празник на збратименото училиште од градот Рача.

Инаку посетата ќе трае од 14 до 16 февруари кога и збратименото училиште во градот Рача го прославува својот патронен празник.

Во рамките на посетата учениците со своите наставници ќе бидат дел од свеченоста по повот патрониот празник на тамошното училиште, но и ќе земат учество во спортските натпревари со своите екипи во фудбал и кошарка, а исто така ќе ги посетат и ќе се запознаат со знаменитостите во градот Рача.

Инаку ООУ “Св.Климент Охридски” веќе пет години активно соработува со збратименото училиште во градот Рача во Република Србија и како што велат од училиштето оваа соработка ќе продолжи и во иднина, а исто така најавија и можно збратимување со едно училиште од Турција во најскоро време.