
Доделени дипломите за учество на Интернационалниот натпревар по англиски јазик “Hippo 2014” кој на 15-ти март се одржа во Делчево…
Учениците од ООУ “Св.Климент Охридски” од Делчево кои учествуваа на Интернационалниот натпревар по англиски јазик “Hippo 2014” кој се одржа во Делчево денеска ги добија своите дипломи за учество.
На лицата на учениците можеше да се види радоста која ја имаа по добиените дипломи и истите гордо ги држеа во рацете и се надеваат дека овие дипломи ќе ги заменат со нови доколку бидат дел од финалниот натпревар кој ќе се одржи во месец мај во Италија.
Инаку на натпреварот земаа учество над 250 ученици од пет училишта од регионот , а меѓу нив беше и ООУ “Св.Климент Охридски”.
Учениците беа поделени во пет категории кои се бореа за место меѓу најдобрите на овој интернационален натпревар , а најдобрите ќе заминат на финалниот натпревар кој ќе се одржи во Италија.
Им посакуваме многу успех и се надеваме дека ќе се најдат меѓу најдобрите и ќе бидат дел од финалниот натпревар во Италија и ќе не израдуваат со нови дипломи.