
Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од 18 до 26 степени…
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло, со слаб ветер од југозападен правец, а попладне и кон крајот на денот од север постепено ќе се спушта постуден воздух проследен со засилување на ветерот. Локално ќе има извесно зголемување на облачноста и опаѓање на температурата за еден до два степени.
Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од 18 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Попладне ветерот ќе го промени правецот во северен и повремено ќе се засилува, а ќе има и умерена локална облачност.
Утринската температурата ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Во наредните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време, а за време на викендот ќе има извесно зголемување на облачноста.
Извор: A1on.mk