Козите обожуваат да се искачуваат по карпи и ридови, па логично кога пред нив ќе се најде ваков мост од лим тие едноставно мора да се качат на него и воопшто не ги интересира дали изгледаат смешно од страна…

436519_koze-foto-max-murs_ffОваа интересна видео-снимка ја направил Макс Мурс, но не било појаснето чии се овие кози и каде е снимено видеото.

Водачот на ова стадо успева некако да застане на флексибилниот мост и да држи рамнотежа . Тој упорно ја брани својата позиција па дури ако треба и ќе се бори за неа.

Останатите кози само трчаат околу него и се обидуваат на мостот и целата таа ситуација предизвика голема смеа кај корисниците на Јутјуб.