
Усвоена иницијативата на градоначалникот Kоце Трајановски од страна на советот за преименување на „Универзалната сала – Скопје“ според трагично загинатата музичка легенда, Тоше Проески.
Иницијативата опфаќа отпочнување постапка за промена на името, е усвоена едногласно, со гласови од сите советнички групи. Постапката ќе ја отпочне Управниот одбор на јавната установа, јави Дневник.
Дотраениот објект на Универзална сала ќе биде урнат а на нејзино место ќе се гради објект со двојно поголем капацитет од 2.500 до 3.000 седишта, со мала сала и простории за администрацијата.
Идејното решение, според кое ќе се гради салата, беше презентирано пред два месеца од Министерството за култура, и е во форма на јајце. Автори се архитекти од „Стоун дизајн“.
Извор: Sky.mk