
Вашиот iPhone е скап. И е убав. И најверојатно е незаменлива алатка во вашето секојдневние. Време е да се осигурате дека ќе остане во полн сјај, следејќи ги нашите совети…
Футрола
Со користење на футрола, вие постигнувате неколку работи со вашиот телефон. Пред се, го заштитувате од мали гребаници, кои особено се изразуваат на iPhone 5 и iPhone 5s, поради нивниот дизајн. Рабовите на овие два модели се многу „нежни“, па препорачливо е да купите барем bumper футрола за да ги заштитите и да не се излижат.
Заштитна фолија
Без разлика на тоа колку Apple тврди дека екранот на iPhone е квалитетен, немојте да ги оставате работите на случајноста. Постојат два начини на кои можете да го изведете ова:
Целосна заштитна фолија – оваа фолија се лепи од секоја страна на телефонот, бидејќи iPhone 5 и 5s се особено сензитивни и на задниот дел од куќиштето.
Заштитна фолија во комбинација со футрола – на овој начин, ставате заштитна фолија само на предниот дел од екранот, а остатокот ви е заштитен со помош на футролата.
Кога се одлучувате за заштитна фолија, постојат две различни варијанти – мат-фолија или чиста фолија. Мат фолијата ви помага при намалување на одблесокот на екранот, но негативноста е што ќе гледате милиони мали точки на самиот уред. Бидејќи iPhone-ите имаат Retina екран, ви препорачуваме чиста (clear) фолија која доколку ја залепите правилно, нема воопшто да се познава на вашиот телефон.
Редовно чистење на уредот
Запамтете, телефоните се еден „магнет“ за бактерии, како и секој друг електронски уред. Секогаш исклучете го вашиот уред додека ги правите овие чекори:
- Земете микро-фибер крпа и некои од течностите за чистење (постојат посебни брендови како Brasso за чистење на телефони). Секогаш прскајте со течноста на крпата, а не на телефонот
- Доколку имате можност, купете конзерва со компресиран воздух и издувајте ги сите портови – приклучокот за слушалки, приклучокот за полнење, слотот за сим-картичка
- Направете бекап на вашиот телефон. Иако ова не е дел од чистењето, сепак треба да ви стане стандардна пракса
Калибрација на батеријата
Препорачливо е барем еднаш да ја испразните батеријата под 20% и потоа да ја наполните до 100% без прекини (односно, не го вадете телефонот од полнач). Направете го ова преку ноќ, бидејќи дури и кога батеријата ви покажува дека е полна 100%, постои нешто наречено trickle (top-off) charge каде што дополнително се полни.
Извор: GSM.mk