
Јавниот увид во Избирачкиот список за априлскиот избор на шеф на државата започнува денеска и ќе трае дваесет дена…
Еден милион 787 илјади и 350 граѓани се запишани во Избирачкиот список, a од нив 68 илјади и 704 лица се водат како иселени.
Во периодот до 7 март граѓаните во подрачните единици и канцелариите на Државната изборна комисија или преку веб-страната на Комисијата ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список.
Проверката може да ја извршите на следниот линк.