
Ако се заразите од синтетички лекови против кашлица или сакате да ги употребувате во што помали количини, ви препорачуваме два сирупи за искашлување и облога за градите кои ќе го извлечат воспалението и ќе го олеснат дишењето после напорните периоди на кашлица…
Во една шолја измешајте пола шолјичка вода и исто толку мед. Додадете исечкан кромид и истолчено чешне лук.
Ставете и парче жалфија, мајчина душица и оригано и оставете состојките на собна температура да се впијат преку ноќта.
Процедете и чиста течност користете како сируп против кашлица. Секако чувајте го во фрижидер.
2. Сируп од рен
Изрендајте рен во една четвртина шолјичка мед. Оставете ја смесата да отстои неколку часа и користете го како лек против кашлица.
3. Облоги од масло од рицинус
Во половина шолјичка масло од рицинус ставете две истолчени чешниња лук.
Додадете една кафена лажичка свежо изрендан ѓумбир, 3 до 4 капки етерично масло од еукалиптус и една кафена лажичка мелена лута пиперка. Со лажичка нанесете ја облогата директно на градниот кош.