
Три пионерки од Ракометниот клуб од Делчево се повикани и се дел од поширокиот список во пионерската репрезентација на Македонија…
Сандра Митевска, Маја Китановска и Анастасија Стоименовска се трите ракометарки од РК Делчево кои во сабота треба да се појават во Куманово каде што ќе можат да ги покажат своите квалитети и со тоа да се најдат во пионерската ракометна репрезентација.
Од раководството на клубот искажаа задоволство при што се убедени дека нивните ракометарки ќе се претстават во најдобо светло и ќе ги покажат своите квалитети и дека ќе се најдат на финалниот списот за репрезентацијата.
Со ова се потврдува успешната работа на нашиот ракометен клуб, кој и покрај сите проблеми кои се пред се од финансиска природа успева да најде начин да ги одржи работите како што треба и да напрадува и постигнува резултати.
И тренерот Горан Велков кој можеби е и еден од најзаслужните за овие успеси во клубот задоволен од тоа што дури три ракометарки од нашиот клуб се на списокот за влез во пионерската репрезентација на Македонија и се надева дека во иднина доклку бидат дел достојно ќе не претставуваат и ќе ги бранат боите на нашата земја.