Традицијата продолжува и понатаму за жителите на улицата “Вера Јоциќ” .Тие и оваа вечер заедно собрани на едно место на еден  прекрасен начин го одбележаа Бадник…

902982_10201263529570272_629414705_o

Веќе неколку години наназад традиционално, жителите од улицата Вера Јоциќ, во населбата Милково Брдо во Делчево на еден убав начин го прославуваат Бадник.

Тие и оваа година собрани на едно место со посна трпеза, песни, ора и по некоја чашка греана ракија го одбележаа Бадник и го скршија  бадниковото лепче со паричка.

Инаку оваа иницијатива произлегла токму од самите жители на улицата и од година во година станува се помасовна и побогата прераснувајќи во една традиција, која што е навистина убава и треба да продолжи да се одбележува и понатаму.

1495153_10201263529970282_1244113756_o