Синоќа во Клиничкиот центар на Бања Лука почина 38 годишниот делчевчанец Златко Г.  од село Вратиславци, вработен во компанијата „Гранит”.

policija-stop-640x360

Како што соопштуваат од болницата тој синоќа еден час пред полноќ им подлегнал на сериозните повреди со кои што се здобил во неделата.

Несреќата се случила во неделата во Штрпце кога возачот на камион кревал приколка која несакајќи допрела до жици на далновод, по што избил пожар, а тој се здобил со тешки изгореници по телото.

Македонецот веднаш бил пренесен во болница и приклучен на апарати, но за жал иако лекарите направиле се да му го спасат животот, тој им подлегнал на повредите во болницата.

Началникот на Општина Прњавор, Синиша Гатариќ ја обвини Владата на Република Српска и јавното претпријатие „Путеви РС“ дека се одговорни за несреќата, наведувајќи дека патот се гради без да постои главен проект и градежна дозвола, пренесуваат од белградски Курир.