Италијанските медуми пренесуваат дека Наполи и Тотенхем преговараат за трансфер на Етиен Капуе, а „спарси“ инсистираат во договорот да биде вклучен и нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев.

pandev

Наполи испрати официјална понуда за Капуе во висина од 10 милиони евра, меѓутоа Тотенхем не е задоволен од понудата и бара најмалку 13 милиони, колку што го платија Французинот минатото лето.

Медиумите во Италија пренесуваат дека „Спарси“ во преговорите побарале во трансферот да биде вклучен и Горан Пандев, кого го проценуваат на 10 милиони евра и во кого гледаат одлична замена за Џермејн Дефо.

Наполи не сака да се раздели од Пандев, особено не во зимскиот преоден рок, но Тотенгем инсистира, па можно е во наредните денови да биде постигнат договор.

Што мислите дали е вистинско време Пандев да ја замени Серија А со Премиер лигата?

Извор: Sportski.mk