
Маж го испуштил неговиот телефон од авион, додека снимал видео. Уредот продолжил да снима по време на неговото паѓање, пишува Laughingsquitd.com.
Блејк Хендерсон летал со мал авион и правел видео на друг авион со неговиот телефон Самсунг Галакси С5, кога телефонот му се лизнал од раце и паднал. Телефоното продолжил да снима како паѓа надолу во градината на еден човек, кој во тој момент ја косел тревата.
Во видеото се гледа и лицето на човекот кој го наоѓа телефонот во неговиот двор. Во крајна сметка, телефонот бил вратен на сопственикот а кадрите од видеото биле качени на интернет.