Се загреваат шпекулациите дека американскиот гигант Amazon планира да влезе на пазарот со свој мобилен телефон. Да погледнеме како ќе се диференцира од конкуренцијата…

083227Amazon-Kindle-HDX-7-Camera-1280x853

Според аналитичарот на KGI Securities, Ming-Chi Kuo, Amazon планира да започне со продажба на својот паметен телефон за помалку од 6 месеци.  Стратегијата ќе биде идентична како дистрибуцијата на таблетите и е-читачите, односно синџирот на снабдување веќе ги поседува потребните материјали и наскоро ќе почне самиот процес на производство.

Amazon, пред се, се очекува да понуди екстремно ниска цена за овој паметен телефон. Следејќи ја компанијата во минатото, отсекогаш цените на уредите биле блиску до трошоците за производство, односно целта била да се профитира од услугите и апликациите кои ги користат потрошувачите, а не од продажбата на уредот.

Втората интересна шпекулација е дека телефонот ќе поседува дури 6 различни камери. Освен предната и задната камера, ќе бидат вградени уште дополнителни 4 камери за корисникот да може да стапи во интеракција со својот телефон преку гестикулации и движења. Есенцијално, ова значи дека ќе можете да го користите уредот без воопшто да го допрете…

Звучи примамливо, па нестрпливо очекуваме повеќе информации за овој мистериозен уред!

Извор: GSM.mk