
На патниот правец Прењас-граничен премин Ќафасан, се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот, четворица се во кома и 13 се полесно повредени- пренесува Пресс24.
До несреќата дошло кога комби возило кое превезувало албански државјанки во Струга, прво удрило во електричен столб, па завршило во канал.
Повредените биле пренесени во болницата во Ливбражд по што четворицата тешко повредени се префрлени во Тирана. Загинатите патнички се на возраст од 25 и 65 години.
Во комбето биле 25 патнички, главно пензионерки, кои во Струга планирале да останат неколку дена за да го одбележат Осми март.
Според првичните сознанија возачот избегнал директен судар со друго возило, но ја изгубил контролата.
Извор: Sky.mk