Икањето е неконтролирана контракција на дијафрагмата, проследена со нагло затворање на гласните жици, поради што отсечно и несакајќи, лицето вдишува воздух и притоа испушта карактеристичен звук…

zena ikanje

Според статистиките, почесто ги зафаќа мажите, а причините за тоа можат да бидат многубројни, од најблаги и секојдневни навики како консумирањето жешка храна до многу сериозни, како тумор на мозокот.

Меѓу сериозните заболувања кои можат да предзвикаат икање спаѓаат: воспаление на белите дробови, алкохолизмот, нарушувања на хранопроводникот, панкреатитот или операциските зафати на подрачјето на абдоменот. Секако, најчесто случаите на икање се појавуваат и исчезнуваат без некаква посебна причина.

Според стручњаците, икањето може да се третира со многу лекови, иако некои од нив не им одговараат на пациентите. Затоа, можеби е подобро да побарате спас во некои природни производи. Традиционалната медицина ви нуди неколку совети како да престанете да икате:

– полека пијте чаша топла вода во која сте ставиле мала лажичка јаболков оцет

– дишете во мало книжно ќесе, како да немате воздух, или ставете неколку капки ароматично масло од камилица, па вдишувајте и издишувајте преку носот

– измешајте две лажички сода бикарбона во 100 г вода од пеперминт и консумирајте по една мала лажичка или повеќе, ако не престане икањето

– раширете ги рацете во форма на буквата „Т“ и длабоко дишете, а постапката повторете ја неколку пати

– вдишувајте медитерански рузмарин кој ќе ја смири состојбата

– притиснете ги клучните коски, ако не можете сами, замолете некој од вашето опкружување

– измешајте сок од еден лимон и половина чаша вода и испијте ја, или една лажичка сок нанесете на половина лимон и исцицајте го сокот

– попријатна варијанта е да испиете сок од половина портокал или чист сок од ананас

– на јазикот ставете една лажичка шеќер, почекајте полека да се растопи и земете чаша вода. Исто така, некои препорачуваат и голтање шеќер без вода

– една лажичка семки од анис потопете ги во една шолја зовриена вода и оставете ги да омекнат. Кога ќе настапи икањето, голтнете по една лажичка од оваа течност. Оваа течност е особено погодна за малите деца, кои имаат чести проблеми со икањето.

Извор: Plusinfo.mk