
Американскиот Стејт Департментот во најновиот извештај потенцира дека најкритичен проблем од областа на човековите права во Македонија во минатата година било тоа што владата не го почитувала во целост владеењето на правото.
Во извештајот се вели дека нема линија помеѓу партиските и државните активности, има мешање во судството и медиумите и селективно гонење на политичките противници.
Исто така се понтецира дека е зголемена владината корупција, полициската неказнетост а судскиот систем е карактеризиран со политичко мешање.
Извор: Sky.mk