
Еднаквост, слобода, правда, ова се начелата од кои следниве пет години немам намера да отстапам…
Тоа се темелни вредности поради кои нема да правам компромиси со ниту една политичка сила, порача претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, од вечерашната промотивна Конвенција во преполната Универзална сала.
– Излегувам со јасен концепт како да ги оствариме зедничките цели. Наспроти досегашното бледило нудам активно вклучен претседател кој ќе ги искористи сите уставни надлежности во заштита на граѓаните на Македонија, кои тоа го заслужуваат – рече Пендаровски.
Тој повика дека Македонија не заслужува да биде роб на нечии неразумни стравови и фрустрации.
– Таа заслужува да оди напред. Немаме внатрешни непријатели. Сите граѓани сакаат подобар живот, без разлика на политички ставови или етничка припадност. Македонија може да ги решава сите проблеми, со внатрешна кохезија и во сојуз со најголемите во светот – истакна кандидатот на СДСМ за претседател.
Пендаровски рече дека никој не треба да биде отфрлен само затоа што верува во друга политичка партија, затоа што на крајот на денот, како што нагласи, нема дилеми дека Република Македонија за секого од нас е најважната партија.
– Нова опасност се надвисна над единството на народот, сведоци сме на внатрешномакедонски раскол кој никогаш не сме го имале. Политичкиот проект ги подели Македонците. Врхушката на власт си додели право само таа да мисли за иднината, а сите да ги третира како пратеници. Власта се пресметува со сите, но таа погубна делба мора да престане и никогаш да не се повтори. Немаме повеќе македонски граѓани за губење, оваа раселување на младите не смее да продолжи. Новата иселеничка голгота ќе прекине само ако спомениците станат поважни од граѓаните. Малкумина останавме на оваа парче земја, простор за нови поделби нема – рече Пендаровски.
Тој ги повика граѓаните да ми се придружат и да се изборат за слободна Македонија.
Извор: Plusinfo.mk