Државниот завод за статистика (ДЗС) веќе нема да објавува податоци за цените на земјоделските производи на зелените пазари, пазарите на големо и на добиточните пазари.

pazar_zemjodelski

„Ве информираме дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој, редовно ги следи и објавува цените на земјоделските производи во рамките на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС)“, стои во соопштението од ДЗС.

Соопштението за декември 2013 е последно за овие податоци кое го објавува Заводот за статистика. Во него е пресметано дека црвените домати и зелените пиперки во декември 2013 година на зелените пазари забележале најголемо поскапување, а намалување на цените имало кај краставиците и лимоните.

На пазарите на голема, пак, најголемо зголемување во декември 2013, во споредба со декември 2012 година, се забележува кај зелените пиперки и лукот. Најголемо намалување се забележува кај лупените ореви и бананите.