СТРУЈОМЕРИТЕ ЌЕ СЕ ЧИТААТ МЕСЕЧНО, ЌЕ ИМА И ВОНРЕДНА ПРОВЕРКА Регулаторната комисија за енергетика работи на сет на мерки за заштита на потрошувачите на струја

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) подолг период работи на комплементарен сет на мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите, соопштија оттаму.

Овој сет на мерки ќе стапи на сила по завршување на сеопфатната експертка консултативна фаза со сите засегнати страни. По што јавноста ќе биде детално запознаена со решенијата.

Како што се наведува, дел од тој сет на мерки се и месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до РКЕ.

– Овие механизам се дел од заедничкото делување со ресорното министерство Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – кај оние потрошувачи кои се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата) – велат од РКЕ.

Соопштението на РКЕ доаѓа по средбата со претставници на Здружението на инженери на која, како што информираат од Здружението, биле прифатени забелешките дека фактурирањето врз основа на проценета потрошувачка на електрична енергија доведува до разлики во износите, што може да предизвика финансиска штета за потрошувачите, додека во исто време создава дополнителни приходи за операторот на дистрибутивниот систем.

Од Здружението предлагаат да се издаваат коригирана фактура што ќе ги опфаќа деновите од претходното до последното отчитување на броилото.

„Со ова ќе се овозможи реална и прецизна наплата на електричната енергија, елиминирајќи ја можноста за неправедно внесување на потрошувачите во повисоки тарифни блокови поради корекции во месеците кога се врши реалното отчитување3, се наведува во соопштението.

Конечниот текст за измените во Правилата за снабдување со електрична енергија ќе биде утврден на подготвителна седница, на која ќе бидеме поканети да присуствуваме.

„Од кражби на црева до немање ПП апарати – речиси сите згради во Делчево без функционален антипожарен систем – кој е крив?“

Пишува: Марио Милчевски

Во личен разговор со станари од речиси сите станбени објекти во Делчево, забележано е дека во најголем број од нив недостасуваат основни противпожарни средства – нема ПП апарати, ниту пак црева за хидрантите. Тоа значи дека во случај на пожар, овие системи се целосно нефункционални. На прашањето зошто е тоа така, речиси идентичен одговор – веројатно некој ги зел за друга намена, без да биде свесен за опасноста што ја создава со таквата постапка.

Во Делчево, како и во многу други места, безбедносните пропусти во станбените објекти се повеќе од очигледни. Во зградата во која живеам, каде што има околу 25 станови, немаме противпожарни апарати, ниту црева за хидрант. Истата состојба ја забележав и во речиси сите останати згради во градот. За првпат, на нашата зграда беше поставено известување од Општина Делчево, кое нагласува дека станарите се одговорни за нормалното и безбедно функционирање на зградата. И тоа е апсолутно точно. Но, дали ова известување е доволно за менталитет како нашиот?

Контрола од надлежните органи во овој поглед никогаш немало, а треба да има! Без редовни инспекции и санкции, многу станбени објекти остануваат небезбедни, а тоа може да има сериозни последици. Но, и покрај тоа што општината и надлежните треба да преземат поактивна улога, најголемата одговорност паѓа врз нас – станарите. Често пати сами не ги почитуваме основните правила за безбедност, не вложуваме во заедничката сигурност и не сакаме да прифатиме дека е неопходно заеднички да делуваме.

Затоа, по увидот во состојбата, преземаме иницијатива со мои соседи, не само за мојата зграда, каде што веќе разговаравме за исправка на нашите огромни пропусти, туку и за пошироката заедница. Ги повикуваме сите станари во Делчево да ја согледаат сериозноста на ситуацијата и да преземат конкретни чекори за подобрување на безбедноста во нивните згради. Ова не е само обврска, туку и морална одговорност.

Истовремено, апелирам до надлежните институции да не остануваат пасивни. Време е да излезат од комотните канцеларии и да вршат контроли и да санкционираат кога ќе се утврдат недостатоци. Во секоја европска земја ова е стандардна пракса – зошто би било поинаку кај нас? Доколку не постои контрола и казни, нема да се постигне промена, бидејќи во многу згради недостига елементарен заеднички дух и желба за соработка.

Станарите сметаат дека е време да се стави крај на оваа негрижа и ја поддржуваат иницијативата секој од себе да почне да придонесува – било да се работи за зграда или куќа. Само со заеднички напор може да се создаде подобра, побезбедна и почиста животна средина за сите.

МПЦ – ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани триесетина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево.

Погребот во Кочани е закажан за 12.00 часот, а на него ќе чинонаначaлствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи од МПЦ-OA.

Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско однесување.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов утрово упати апел да ги оставиме унесреќените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. Да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб.

-Целата македонска јавност е тажна и сочувствува со семејствата на 59-те настрадани лица во ужасниот пожар во Кочани. Но, тагата и болката на родителите, браќата и сестрите, роднините и другарите на настраданите е најголема. Затоа, Ве молам, денес да ги оставиме унесреќените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. Да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб. Да го оставиме Синодот на МПЦ предводен од Неговото Блаженство г.г. Стефан, поглавар на МПЦ ОА на гробиштата во Кочани како и свештениците во другите градови и села, непречено да ја одржат погребната церемонија, се потенцира, меѓудругото, во повикот од Ангелов.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 претежно млади лица, а 178 се повредени.

Советот на Општина Делчево доделува финансиска помош за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани

Советот на Општина Делчево на денешната вонредна седница донесе одлука за доделување парична помош од општинскиот буџет за семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.

Претседателот на Советот на Општина Делчево, Гоце Попов, денеска свика вонредна седница на Советот, на која беше разгледана и усвоена одлука за доделување парична помош од општинскиот буџет за семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.

Седницата започна со едноминутно молчење во чест на жртвите од трагедијата, во која загинаа 59 лица, додека повеќе од 190 се хоспитализирани. Попов истакна дека оваа незапаметена несреќа претставува заедничка загуба и болка за целото општество, нагласувајќи ја потребата од солидарност и поддршка за погодените семејства.

Советот на Општина Делчево едногласно ја усвои предлог-одлуката, со што ќе биде издвоена финансиска помош како израз на сочувство и поддршка во овие тешки моменти. Општинските власти истакнаа дека ќе продолжат да ги следат случувањата и ќе разгледаат дополнителни можности за помош на погодените семејства и заедницата.

ОД ПАНИКА само ја придвижив колата, тој се тргна а јас заминав дека детето почна да плаче: Коцев за инцидентот

МВР преку соопштение го потврди инцидентот во кој е вклучен Сашко Коцев, еден од нашите најпознати и најангажирани актери.

Во соопштението пишува дека „вчеравечер околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, „С. К. управувајќи возило ‘фолксваген’ не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото“.

По инцидентот се огласи Коцев. Тој тврди дека не прегазил полицаец и дека воопшто не знаел дека тоа е полиција. Објаснува дека немало да си замине од местото на настанот ако знаел дека човекот кој му рекол да си оди е полициец, зашто бил во цивилна облека, а не во униформа.

За порталот „СДК.мк“ Коцев вели дека полицаецот удрил со рака во неговото возило и ја вознемирил ќерка му која тој ја земал од час по музичко.

„Ова воошто не е така. Јас не ни знаев дека тоа е полиција, туку мислев дека се некои од обезбедување кои затвориле уличка. На прашањето: ‘Кои сте вие да затворате улица?’, ми рекоа ‘Сега ќе видиш кој сум’. И стоеше пред колата. Детето почна да плаче, јас од паника само ја придвижив колата, тој се тргна и заминав. Следна информација е оваа објава по порталите која е невистина. Немав никаква намера да прегазам никого“, вели Коцев.

За зима без вируси и настинки: Рецептот за најдобар еликсир за имунитет го погледнале над 20 милиони луѓе (ВИДЕО)

За зима без вируси и настинки: Рецептот за најдобар еликсир за имунитет го погледнале над 20 милиони луѓе (ВИДЕО)

Се препорачува да се консумира во период од две до четири недели

Ѓумбирот делува како одличен антиоксиданс, уништувајќи ги слободните радикали кои ги оштетуваат нашите клетки.

Многу луѓе користат лимон и ѓумбир бидејќи тие се добри за зајакнување на имунитетот и заштита од вируси и настинки. Затоа ви предлагаме од овие состојки да направите мелем кој можете да го консумирате во текот на зимата.

Ова е едноставен, но вкусен рецепт за посилен имунитет во кој ќе можете да уживате.

Отребни намирници:

-2 лимони

-корен од ѓумбир

-малку мед

Начин на подготовка:

Пред да го подготвите лимонот, добро исчистете го, прво истријте ја кората со крупна сол, потоа со сода бикарбона и оставете ја да отстои во вода со растворена во неа сода бикарбона 15 минути.

Исечете го лимонот на тенки парчиња и подгответе ги парчињата ѓумбир. Извадете ги семките од лимонот за смесата да не биде горчлива.
На дното на теглата ставете парчиња лимон и додадете ѓумбир, па одозгора прелијте со мед, па нов слој лимон и ѓумбир со додавање мед и така додека теглата не се наполни, пренесува Србија Данас.

Внукот на Ахмети се спореди со Александар Велики: Имам 26 години, исто како Александар Велики кога владеел со половина свет

Дрин Амхети во интервјуто за „Република“ откри дека има само 26 години, исто колку што имал Александар Македонски кога владеел со светот.

Имате 26 години, нели?

Да, така е, колку што имал и Александар Македонски кога владеел со половина свет.

Рог од носорог е „крив“ за сѐ! Што му направи на ТИТО

Природно, и силно!

Доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, несомнено ги сакал жените, а тие во најмала рака го обожавале. Имаше неколку бракови и безброј љубовници, а ова беше тајната на неговата машкост, дури и во поодминати години.

За време на неговиот живот не смеело да се зборува за приватните активности на Тито, а денес е една од најконтроверзните личности чии детали, особено оние поврзани со жената и љубовта, продолжуваат да ги интересираат сите генерации.

Во годините кога интимните односи значително опаѓаат, Тито го најде решението за овој проблем благодарение на пријателството со африканските претседатели. Повеќепати му праќале толчен рог од носорог, кој се смета за најсилниот природен афродизијак.

Бидејќи во негово време немало научни достигнувања, а вијаграта, циалисот и левитрата не биле достапни за тогашните мажи, тој нашол помош во природата.

Кога се дозна дека рогот има ваква моќ, дојде до точка што и другите сакаа да ги постигнат овие „магии“, а бројот на носорозите драстично се намали.

МЕРЦЕДЕС УДРИЛ ВО КАНДЕЛАБРА, ВОЗАЧОТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН Непознати причините за сообраќајката во Скопје

Мерцедес со скопски регистарски ознаки удрило во метална канделабра на булеварот Илинден во Скопје. Во несреќата, возачот Ф.С. (25) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д. (34) од с. Радолишта, струшко, претрпела послаб повреди.

„Во моментот на пристигнување на местото на несреќата, увидната екипа веднаш ги презеде сите потребни мерки. Возачот беше пренесен во болница со тешки повреди, додека сопатничката беше згрижена во Клиниката ‘Мајка Тереза’ и е надвор од животна опасност“, велат од СВР Скопје.

Полицијата врши истрага за да се утврдат причините за несреќата, а во моментот на инцидентот не се утврдени алкохол или наркотичка опијатност кај возачот.

„Ние продолжуваме со истрагата за утврдување на сите факти и околности кои довеле до оваа несреќа. Нашите инспектори веќе работат на собирање на доказите“, додаваат од полицијата.

МАГЛА ЈА ПОКРИ МАКЕДОНИЈА Видливост од само 50 метри, препорака до возачите да бидат вниматели

Намалена видливост поради магла од 50 – 100 м. на патните правци Д.Капија и Петровец – Велес, Битола и Прилеп.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Баба Татјана има 92 години и јасна ПОРАКА: Среќата е само во ова!

До осум наутро веќе беше облечена, дискретно нашминкана и уредно исчешлана. Татјана, 92-годишна старица, подготвено чекаше да ја примат во старечки дом.

Мажот неодамна ѝ почина, па сега нема друг избор. И покрај долгото седење од неколку саати, таа трпеливо чекаше да ѝ соопштат дека собата ѝ е наместена.

На патот кон лифтот, медицинската сестра ѝ објасни дека станува збор за мала соба со завеси кои личат на прозорци, а таа само кимна со главата одговарајќи дека сигурно ќе ѝ се допаднат.

Сестрата уплашена од нејзината претерана реакција и можното разочарување подоцна, ѝ порача да почека прво да ги види.

„Не е важно. Среќа е тоа што однапред ќе го одлучите. Како мојата нова соба изгледа не зависи од распоредот и од изборот на мебелот, туку од начинот на кој мојот мозок функционира. Таа одлука ја носам секое утро штом се разбудам. Имам избор – да го поминам целиот ден во кревет размислувајќи за своите болести или да почувствувам радост и благодарност. Секој ден го доживувам како подарок и се’ додека сум жива ќе мислам само на убавите спомени“, ѝ одговорила оваа бабичка.

Татјана ѝ откри и кои кои се најважните правила на среќните луѓе. Да се исчисти срцето од злоба, да се исчисти мозокот од грижи, да се живее што е можно поедноставно, да се дава што е можно повеќе и да не се очекува премногу.

Арно е во Македонија, тука кај нас е тешко, ич не идете

Низ градот може да се забележат автомобили со странски регистарски таблички, летото е периодот кога сите пеџалбари се враќаат во татковината за да си ги посетат роднините и да истераат одмор. Сите имаме роднини во странство. Некои поблиски, некои подалечни…

„Не е веќе Америка тоа што беше, други времиња се сега”, „Арно е во Македонија, тука е тешко ич не идете”се речениците кои роднините од странство ги кажуваат како од пушка штом малку осетат дека се интересирате за преселба. Не сакаат обврска, мислат дека ако побарате помош од нив сте товар врз нив…они се друго, биле амбициозни, упорни и се по ред, па затоа се снашле…ама ти…кој ќе те носи на грб. Ви изгледаат ли променети, како да заборавиле од каде дошле? Очекувате ли да ви донесат подароци кога доаѓаат на гости?

-Нашиве кумови, заминаа Шведска доаѓаат секоја година, се фалат убаво им е. Секогаш ми купува нешто од таму и секогаш е нешто што се гледа дека го купувала за мене, а не како си купиле за нив не им се допаднало, па ајде ќе ти го даде колку да се речи. Еве пример претходната година ми донесе преубава H&M фармрки и блуза, вели Драгана од Бутел.

-Мене кај родниниве ме нервира што се жалат и кукаат колку им е лошо во странство, па викаат седете си деца вие тука, не си ја барајте бељата, баш убав живот си живеете. А, тој секое лето се шета кај ќе му текне има голема куќа, три кола и мене ќе ми кажува седи си. Па што си отишол ако ти било убаво, или пак ајде, врати се и живеј си тука. Кога веќе ќе отидат некако се губи билизината и се менуваат луѓето, вели Дарко од Кисела Вода.

-Јас има роднина во Швајцарија, прв братучед, пред една година ме викна на гости за да видам, прошетам и да си ја пробам среќата. Многу сум благодарен за гостопримството, многу ми помогна, и ова лето планирам пак да заминам и да пробам да останам, вели Гоце од Лисиче.

-Имам роднини во Германија, Канада и Америка. Доаѓаат на по 2-3 години. Кај нас се сместуваат и ги пречекуваме како цареви. Само тетка ми од Канада ми плати пат да одам на гости и таму убаво ме прошетаа. Не ми се допаѓа животот таму, многу се луѓето изолирани, по цел ден на работа, ама имаат пари, раскажува Ана од Карпош.

-Сестра ми е во странство. Првите 2-3 години, се мислеше за враќање, па ај ќе остане додека добие пасош… И следна сцена, по 7 години после заминувањето. Шетаме низ град, а таа не престанува да коментира – како кучињата без маски ги шетале, како тревниците не биле средени, како се бутале луѓе преку ред за се… и викам – Извини сестричке, ти каде живееше 26 години? , вели Убавка од Аеродром.

ПОСЛЕДНИ НОВИНИ