
После враќање од шест месечно патување, Карли Батлер од Канада дома ја дочекало изненадување какво што никогаш не се надевала дека ќе доживее.
Нејзиниот вереник Адам ја разбудил и и дал романтично писмо. Но ова не е обично писмо, туку во него пишувала дека тој ден ќе биде невеста.
“Добро утро лепотице. Ова писмо е малку поинакво од сите други писма кои ти ги пишував.
После неколку месеци сам, ја планирав нашата свадба со неколку луѓе но разговарав и со твојата мајка. Ова би им овозможило на сите наши пријатели и роднини да не видат верени. Она што се обидувам да ти кажам е дека денес не е нашата веридба, туку нашата свадба”, со треперлив глас читала идната пресреќна невеста.
Писмото било толку емотивно што солзите не можела да ги задржи во себе. Тој и го подал нејзиниот бидермаер, а таа продолжила да го чита писмото во кое било објаснето се до најмал детал. Деверите пристигнуваат, фризер доаѓа исто и шминкерот.
“Денес сакам само да се опуштиш и да почувствуваш колку те сакам. Остани ми насмеана и забавна, премногу те сакам.” Со овие емотивни зборови завршува писмото до најсреќната невеста овие денови.
После краток шок, Карли реагирала многу позитивно, среќно пристапила и започнала со подготовките а по неколку часа ги направила најсреќните чекори кон олтарот.
Извор: Think.mk