Истражувањата покажале дека зачините може да имаат голема улога во намалување на ризикот од настинка и грип…

beli-luk-1348530836-212050-e1358172984583

Освен зајакнување на имунитетот, тие може да ја подобрат циркулацијата, да спречат вишок на килограми во текот на зимата, а покрај тоа и да ве стоплат.

Постојат зачини чија делотворност доаѓа до израз во зима, а за кои стручњаците истакнуваат дека секако треба да ги пробате:

Лук

Неговото антивоспалително, антивирусно и антибактериско дејство на целосно природен начин ќе го намали ризикот од настинка и грип. Заборавете на суплементи од лук бидејки во свежа форма е најделотворен. Додадете го во топла супа, вариво или салата.

Ѓумбир

Ова е еден од најомилените зачини. Неговите  антивирусни  и антибактериски својства ќе го намалат ризикот од настинка и грип. Мелен ѓумбир додадете во чај или smoothie  и стоплете си го телото, а зајакнете го имунитетот.

Лути пиперчиња

Одлични се за побрзо опоравување од грип или настинка. Научниците докажале дека лицата кои често конзумираат лути пиперчиња имаат помал ризик од грип и настинка. Додадете по некое пиперче во топла супа, сос или вариво за да останете здрави.