Во електронската пошта Gmail кружи измама во рамки на која е создадена лажна страница која од корисниците бара приватни информации со цел да ги украде…

djdhdh

Во овој случај направена е лажната страница Google drive, која изгледа слично како вистинската страница.
Ако забележите имеил со предметот „Documents“ кој ве преусмерува на страницата која изгледа како страницата Google Drive за логирање, не запишувајте ги своите информации, пренесува „Хафингтон пост“. Измамата ја открила компанијата за сајбер сигурност Symantec.

– Ги отстранивме лажните страници, а нашиот тим за злоупотреба работи на спречувањето за да не се случи ваква измама повторно да се случи – изјавиле од Google.

На корисниците им предложуваат  дека ако мислат дека по грешка ги издале своите податоци, да си направат нова лозинка.
Не ги отварајте ни линковите во пошта, ако не верувате на оној кој ја испратил пораката.Измамниците тие податоци би можеле да ги употребат за купување на Google Playa, користење на вашата сметка на Google+, пристапот до вашите документи на Google drive и слично.