
Поради своите хранливи и енергетски состојки, но и одличниот вкус, доматот е речиси секојдневно присутен на трпезите…
Истражувачите од универзитетот во Верона го истражиле овој зеленчук и откриле интересни факти. Во истражувањето учествувале 20 луѓе. Половината од нив ги добиле своите оброци со доматен сос, а другата половина без сос.
Врз основа на резултатот, научниците заклучиле дека доколку дневно се внесат само 80 грама од овој здрав зеленчук, можат да се неутрализираат негативните последици врз крвните садови од мрсната храна.
Научниците докажале дека варениот домат ги има истите состојки како статините, кои се користат во борбата против холестеролот. Тие може да бидат мошне ефикасна замена за статините, лекови кој се препишуваат за овиe состојби кои водат кон проблеми со срцето.
Овој моќен антиоксидант е извор на добро здравје, со што се намалува ризик од срцеви болести.
Исто така, откриено е дека антиоксидантот ликопен, кој го подобрува здравјето, повеќе се наоѓа во зготвениот доматен сос, отколку во суровиот.
Извор: Plusinfo.mk