
За во среда е закажана 87-та седница во Собранието на Република Македонија единствена точка на дневниот ред предлог-одлуката за распуштање на актуелниот собраниски состав…
Иницијативата за распуштање на Собранието, беше поднесена во саботата од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ) откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Република Македонија.
Одлуката за одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, беше прифатена и од владејачката Вмро Дпмне.
Според Уставот, Собранието се распушта ако за тоа се изјаснат мнозинството од вкупниот број пратеници.
СДСМ излезе со предлог, Владата веднаш да предложи измени на Изборниот законик кој не предвидува решенија за совпаѓање на парламентарните со вториот круг претседателски избори, да се реши проблемот со двата различни рокови за заклучување на избирачкиот список, со почитувањето на роковите за предизборна кампања, како и со медиумското претставување.