
Едногласно на денешната собраниска седница – со 117 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, сега веќе поранешните пратеници, одлучија Собранието да се самораспушти…
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, по гласањето изјави дека пратениците за никое гласање досега не биле вака сложни.
На последната денешна седница, координаторите на пратеничките групи имаа можност да ги кажат партиските ставови за актуелните претседателски избори и за предвремените избори кои ќе се одржат веднаш по првиот круг од изборот за шеф на државата.
Претседателот на Собранието Трајко Велјановски најави дека најверојатно утре ќе ги распише третите по ред предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 27-ми април, заедно со вториот круг од претседателските избори.