sofi_tarner

Софи Тарнер (18), актерката која ја толкува улогата на Санса Старк во Game of Thrones, имала незгодна ситуација за време на снимањето…

Game of Thrones е позната по сцените со секс и насилство, но родителите на Софи Тарнер сепак биле изненадени кога случајно се нашле на сетот.

Имено, по игра на случајност се погодило нивното доаѓање на посета кај ќерка им која снимала далеку од домот да биде токму додека ја снимале сцената во која Санса е нападната и речиси силувана.

„Продуцентот Ден Вајс седеше помеѓу мама и тато, и повторуваше ’О, Боже’, но тие го смируваа, тврдејќи дека јас всушност го сакам тоа што го работам, дека ја обожавам својата работа“ – раскажала Тарнер во интервју за магазинот Тетлер.

Инаку, младата актерка рекла дека режисерот ја уверувал дека сцената со силување ќе има „кореографија како балет“, и дека на крајот ќе изгледа „сосема убаво“.

Серијата е снимена после серијалот на епско-фантастични романи A Song of Ice and Fire на Џорџ Р.Р. Мартин.

Извор: Mojatv.mk