
Студено и ветровито време со засилен северен ветер ја очекува Македонија денеска. Според метеоролозите, ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во источните делови од земјата.
Температурата во текот на денот ќе се движи од минус два до четири степени.
Снегот за сега не го попречува нормалното одвивање на сообраќајот на сите државни патишта. Врнежи од послаб снег се бележат во северните, југозападните, источните и јужните делови од земјата, но се вози без забрани и по влажни коловози.
Сепак, од Авто-мото сојузот на Македонија препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација, особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, каде е можна почеста појава на одрони.
Извор: Faktor.mk