
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од државата.
Врнежи од ситен снег се бележат на г. п. Деве Баир, но не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради магла има на планинскиот премин Стража со видливост до 120 метри.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Извор: Sky.mk