Синоќа беше претставена песната со која Тијана Дапчевиќ ќе ја претставува Македонија на 59-тото издание на „Евросонг“…

tijana-dapcevic

Песната има две верзии, македонска и англиска. Насловот на македонската верзија е „Таму кај што припаѓам“, а на англисклата „To the sky“. Музиката за евровизиската тема ја потпишуваат Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека пак, аранжманот и продукцијата се дело на Дарко. Зборовите на „Таму кај што припаѓам“ ги напиша Елена Ристевска, а за „To the sky“ се погрижија Елена, Дарко и Лаура Роска од Романија.

Изборот на песна за Евровизија оваа година се одржува во Копенхаген, Данска од 6-ти до 10-ти мај. Македонија настапува во второто полуфинале на 8-ми мај.