МВР ги пронајде родителите на бебенцето кое вчера беше оставено на автомобил кај „Министерството за финансии“ во Скопје.
Родителите на бебето веќе се повикани на разговор во полициска станица а според првичните информации, таткото го злоставувал бебето а потоа го оставил на улицата Никола Вапцаров.
Таткото го побарал бебето од мајката за да може со него да питачи. Мајката одбила, по што тој го грабнал и побегнал.
Лекарите вчера соопштија дека бебето на своето тело има повреди кои упатуваат на тоа дека тоа било злоставувано.
Извор: Sky.mk