Синоќа околу полноќ било нападнато возилото на Итната медицинска помош.

brza pomos

Возилото било нападнато кај Центарот за зависници во Кисела Вода и притоа е повреден возачот на возилото и скршени се стаклата на комбито.

Првичните информации се дека возачот на возилото имал фрактура на раката и потрес на мозокот и дека тој е опериран на Клиниката за трауматологија.

Полицијата информира дека екипата на Итната медицинска помош е нападната од засега непознати лица.

Извор: Sky.mk