Сопругата на рускиот милијардер Роман Абрамович, Дача Жукова, е обвинета за расизам, откако за списанието „Буро 24/7“ се фотографирала како седи на столица чија основа е црномуреста вештачка манекенка.

даша

Фотографијата го скандализираше светот и предизвика лавина реакции на организациите за заштита на човековите права, кои препознаа обид на Жукова да демонстрира доминација на белата над црната раса. Реагираа и организациите за заштита на правата на жените, според кои фотографијата претставува понижување за целиот женски род.

Да биде работата уште полоша, фотографијата е објавена токму на Денот на Мартин Лутер Кинг, кој се борел за расна рамноправност во светот. Уредничката на списанието била принудена да ја повлече фотографијата и да ја изреже така што на неа да не се гледа столицата.

Извор: Faktor.mk