Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција објави информации, за, како што рече, вртоглавото богатење на куќниот пријател на Никола Груевски…

silegov-pres-g

Ова што ќе го соопштиме на денешната прес конференција за медиумскиот мегафон на власта Драган Павловиќ Латас нема да го разобличи само вртоглавото богатење на куќниот пријател на Никола Груевски. Тоа, како за нецели три години се стигнува до ланци на фирми, ланци на станови и братско запоседнување на цело брдо со луксузни хациенди.

Ова е најеклататен пример за директна корупција од страна на власта на Никола Груевски, што упатува на сериозни индиции за сторено кривично дело.

Конкретно, фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ Скопје, со којашто управува сопругата на братот на Павловиќ Латас, од општините што ги раководи ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2011 до 2013 година, добила тендери тешки неверојатни околу 2 милиона и 900 илјади евра.

3 МИЛИОНА ЕВРА ЗА ФИРМАТА КАДЕШТО Е ДИРЕКТОР СНААТА НА ДРАГАН ПАВЛОВИЌ ЛАТАС, ЗА ДВЕ ИПОЛ ГОДИНИ! ОД ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ПОД КОНТРОЛА НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ.

Погледнете ја пресконференцијата на СДСМ во целост…

Извор: Sky.mk