Kои се најгрдите споменици во светот? Американската мрежа Си-Ен-Ен тврди дека на оваа листа се наоѓаат и спомениците што ги нарачувал Јосип Броз Тито во поранешна Југославија.

tito_spomenici

„Спомениците нарачни од Тито во 60-тите и 70-тите години од минатиот век за да се одбележат локациите на различни битки од Втората светска војна, се брутални бетонски скулптури кои опстанале и на најодалечените локации од поранешната држава. Тие наликуваат на парчиња од уништен советски станбен блок, но ако ништо друго, барем го означуваат крајот на спомениците од типот „воин на коњ“ со смешни шапки“, пишува Си-Ен-Ен и наведува дека ваквите споменици можат да се најдат во Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.

На листата на најгрди споменици во светот, покрај „делата на Тито“, се најдоа и белорускиот Споменик на храброста, лондонскиот „Разговор со Оскар Вајлд“, бронзениот Споменик на африканската преродба во Сенегал, „обновениот“ Стоунхенџ во американската сојузна држава Вашингтон, скулптурата на Мартин Лутер Кинг во Охајо, Споменикот на основачите на Партијата во Северна Кореја, Меморијалот за жртвите од 11-ти септември во Њу Џерси, Меморијалот на Папата Јован Павле Втори во Рим, Споменикот на неутралноста во Туркменистан и Споменикот на Мајкл Џексон во Лондон.

Целата листа со причините зошто овие споменици се нашле на неа, на следниотЛИНК

„Скулптори од целиот свет, слушнете го ова! Еве како не треба да градите споменици“, пишува Си-Ен-Ен.

Извор: Faktor.mk