Вработените од цел еден сектор на најголемата државна медиумска компанија во Русија ВГТРК ќе добијат откази затоа што на Фејсбук страницата на компанијата поставиле фотографија од шефот на нацистичката пропаганда Јозеф Гебелс и го нарекле „голема личност“…

facebook_ve_sledi_se_sto_pravete_na_nego-564x272На Фејсбук страницата на ВГТРК, која контролира неколку национални канали во Русија, вчера беше објавена фотографија на Гебелс и беше цитирана едена негова изјава за Владимир Илич Ленин, во рамките на серијата „Големите луѓе за Ленин“, по повод одбележувањето на 90-годишнината од смртта на советскиот лидер.

„Им се извинуваме на нашите читатели поради објавување на неетичка содржина. Поради тоа соопштуваме дека денеска целиот наш маркетиншки тим за социјални медиуми ќе биде отпуштен“, напиша денеска ВГТРК на својата Фејсбук страница.

ВГТРК има големо влијание на јавното мислење, па многумина беа шокирани кога оваа компанија објави фотографија на Гебелс, и тоа токму на 70-годишнината од ослободувањето на Ленинград од нацистичката опсада, при што починаа најмалку 800.000 луѓе од глад, болести и студ.

Извор: Faktor.mk