Целиот свет тагува по катастрофата што ја зафати катедралата „Нотр Дам“ (Богородичната црква) во Париз, која беше изгорена од силен пожар.

На социјалните мрежи излезе видео на кое се гледа како човек се движи на вториот спрат додека катедралата е опфатена во силниот пожар, а пожарникарите се уште не биле пристигнати на местото на настанот.

“Кој е овој човек од страничната страна на “Нотр Дам Катедралата”, кој за време на пожарот поминува на вториот спрат?”, пишуваат дел од Твитерџиите.