Gordana

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова по денешното гласање кажа дека очекува фер избори и дека очекува да влезе во вториот круг.

„Ние треба да го докажеме демократскиот капацитет и со фер и демократски избори. Тоа не е многу вообичаено во 21 век, ама еве, се надевам дека ќе излеземе конечно од транзицискиот лавиринт и ќе влеземе во демократската транзиција. Кампањата се обидов да ја водам женски, со знаење, со посветеност со аргументи, да докажам дека ние жените имаме посебни квалитети и посебен начин на менаџирање на проблемите. Очекувам да влезам во вториот круг, а ако се случи да не влезам ќе гласам за Река поради стручноста и компетентноста“, рече Силјановска Давкова.

Извор: Фокус