Кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во емисијата „Еден на Еден“ кај Жаре го кажа своето мислење за политичарите за кои доби прашање од водителот на емисијата.

Таа требаше да ги опише политичарите со еден збор, а потоа да даде свое мислење за нив.

Бранко Црвенковски: Од иста гимназија сме, и тој беше првенец и јас бев првенка, брилијатен студент, неверојатно интелегентен, брз во мислата, рече Силјановска Давкова. На инсистирање на водителот да го опише со еден збор Црвенковски таа рече: Политички мангуп.

За сегашниот претседател Ѓорѓе Иванов рече: Под политички притисок.

За некогашниот претседател Борис Трајковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ го опиша со зборовите: Смирен, посветен, верник.

За Киро Глигоров Силјановска Давкова рече дека е харизматичен државник, а го нарекувале политички лисец политички.

Во оваа емисија професорката ги покажа и своите способности кога станува збор за играње на рокенрол, а исто така и кажа кои се 5-те причини поради кои граѓаните треба да го дадат гласот за неа. Видео од емисијата во прилог: