Тече реконструкцијата на постоечките капацитети на Детската градинка “Весели Цветови” во Делчево…

Capture6666

Во тек е реконструкција на постојните просторни капацитети на Детската градинка „Весели цветови“во Делчево со имплементација на мерки за задоволување на актуелните стандарди за енергетска ефикасност на зградата.

Градежните активности се во тек, а во рамки на оваа реконструкција се планира да бидат променети дел од прозорците и вратите на самата установа, потоа обнова на кровната конструкција при што старата азбеста се заменува со нова ,како и обнова на фасадата и вградување на сончеви колектори.

Capture55555

Реализацијата на овој проект се спроведува со средства во износ од 4,7 милиони денари, од кои половина од парите се обезбедени од самата детска градинка.

Инаку овој проект се надоврзува со проектот за доградба на четири нози простории кои се градат во склопот на самата градинка, кои се од огромно значење за потребите на граѓаните на Општина Делчево.