Од полноќ, за еден денар за литар се зголемуваат малопродажните цени на бензините, додека пак цената на дизелот се намалува за половина денар.
Еуросупер БС-95 ќе се продава за 79 денари, а Еуросупер БС-98 за 80,50 денари за литар.
Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, пак, поевтинуваат за половина денар, ќе чинат 68,50, односно 57 денари за литар.
Поевтинува и мазутот М-1 НС за 0,183 денари. Новата цена ќе изнесува 40,698 денари за килограм.