Секоја година има голем број серии кои се борат да го привлечат вниманието на публиката. Некои успеваат тоа да го направат од прва (пример „True Detective“), на други им треба време, а трети едноставно потфрлаат.

serija

Токму затоа на дел од сериите им се заканува откажување. Ова се дел од таквите кои се најдоа на листата на „Business Insider“.

1. „Trophy Wife” (ABC) 

И покрај солидните критики што ги доби, „Trophy Wife” по сè изгледа нема да добие втора сезона. Серијата што ја прикажува новата ситуација во која се наоѓа млада жена која ќе се омажи за постар човек, се соочува со пад на гледаноста. Имено, премиерата ја погледнале 6,69 милиони гледачи, додека пак сега рејтингот е опаднат на 2,99 милиони гледачи.

2. „Enlisted” (FOX) 

„Enlisted” ја прикажува приказната за тројца браќа кои се дел од армијата на САД. Иако критиката се изрази позитивно за серијата, нејзината гледаност говори дека не е довилно атрактивна за публиката. Првата епизода ја погледнале 2,41 милиони гледачи, а последниве недели има гледаност од 1,84 милиони гледачи.

3. „Dads” (FOX) 

Овој ситком се најавуваше дека ќе доживее неуспех, а сега тоа е сè поизвесно. Во главните улоги се појавуваат Сет Грин и Џовани Рибиси, кои толкуваат ликови чиј живот комплетно ќе се промени откако нивните татковци ќе дојдат да живеат со нив. Финалето на првата сезона успеа да собере 2,49 милиони гледачи со што само потврди дека пропаста е извесна.

4. „Almost Human” (FOX) 

Иако започна со солиден рејтинг, оваа серија на Fox, во чие создавање има улога и Џ.Џ.Абрамс е во опасност. Првата епизода беше прикажана во ноември и истата ја погледнале 9,18 милиони гледачи, меѓутоа во последно време има прилично голем пад. Нема најави за втора сезона, што не е чудно, ако се земе предвид колкави се трошоците на продукцијата и малата гледаност.

5. „Intelligence” (CBS) 

„Intelligence” е шпионска серија во која главната улога ја толкува Џош Холовеј. Холовеј ја толкува улогата на оперативец кој благодарение на вградениот микрочип има пристап до сите можни информации потребни за заштита на САД од непријателите. Но, оваа серија не го доби вниманието кое се очекуваше. Премиерата ја погледнале 16,49 милиони гледачи, но неодамнешната епизода ја погледнале 6,62 милиони гледачи, што можеби не е лоша бројка, но веројатно не е доволно добра за нова сезона.

6. „The Mentalist” (CBS) 

„The Mentalist” истурка шест солидни сезони во кои главниот лик Патрик Џејн (Сајмон Бејкер), се обидуваше да го открие убиецот Ред Џон, а откако таа приказна заврши серијата стана помалку атрактивна за гледачите. Многу е возможно CBS да пресече и да и стави крај, иако изгледите за седма сезона се сè уште присутни.

7. „Dracula” (NBC) 

NBC досега откажа четири серии, а уште не се знае судбината на „Dracula”, серијата работена според истоименото дело на авторот Брам Стокер. Шансите се дека оваа серија попрво ќе биде откажана, одошто да добие нова сезона. Финалето привлече само нешто повеќе од три милиони гледачи што е сепак малку за да се продолжи серија што е толку продукциски скапа.