11 години тричлено семејство од Делчево со свеќа ги осветлува ноќите, како да не живеат во 21-от век…

jjjjjjjjjjj

Свеќата се запали за да може да осветли уште една ноќ во мрачната собичка каде што живее семејството Ибраимови од Делчево. 11 години тричленото семејство вака ги осветлува ноќите, пренесува ТВ Стар.

Од сите страни бедата се струполила на ова семејство. Животот со 1.800 денари социјална помош не може да се закрпи, па Илми маката го приморува да ги одбере контејнерите и таму да бара опстанок.

Од бремето на нивната мака, но и од едновековата старост на куќата, попуштила и таа, па се срушил предниот ѕид, сега Илми ја потпира со дрвени греди. Неговиот револт е голем.

Животот на социјалното дно и борбата за гол опстанок уште еднаш чека хуманост за да го огрее симболот на потковицата гордо закачен на вратата од трошната собичка на семејството Ибраимови.

Според податоците на НВО КХАМ, 6 ромски семејства во Делчево немаат струја повеќе години, долгорочно се невработни и чекаат системска помош од државата уставно декларирана за социјална држава.

Видео прилогот од оваа сторија погледнете го на ТВ Стар.