
Било да фантазирате за секс на работно место, во јавност или во тројка, битно е да знаете дека овие фантазии можат и тоа како да се остварат…
Долгите и сериозни врски бараат голема посветеност од секој аспект, а според некои луѓе, сексот е она што ја одржува врската. Секој од нас има свои сексуални фантазии. Доколку ги споделите со партнерот, веќе сте на пола пат кон нивното остварување и постигнувањето на големо сексуално задоволство.
Погледнете ги 10-те најчести сексуални фантазии што ги имаат луѓето, а кои можете да ги претворите во стварност:
Секс на работа
Истражувањата покажуваат дека 56 проценти од жените и 61 отсто мажи имаат сексуални фантазии со колега или колешка од работа. Некои луѓе сето ова го сонуваат случајно, а други фантазираат намерно. Многу е лесно да се реконструира оваа фантазија, доволно е партнерот да биде на кратко ваш „директор“.
Доминантност
Жените обожуваат да доминираат над мажот. Нивната најголема фантазија е да го потчинат во спалната соба! Па, затоа дами поминете во некој секс-шоп и купете некакви играчки кои ќе ви помогнат вашата сексуална фантазија да стане реалност. Мажите едноставно сакаат да си играат.
Секс на отворено
Однесете го вашиот човек на прошетка навечер, најдете некое скриено место и остварете ја вашата фантазија.
Егзибиционист
Една научна студија за сексот открива дека 19 проценти од луѓето фантазираат за некаква егзибиција во јавноста, а 5 проценти од луѓето фантазира да ги соблече алиштата пред публика. Ова можете да го остварите така што ќе се соблечете за вашиот сакан, а претходно ќе ги тргнете завесите од прозорците.
Воајеризам
Ова е вообичаена фантазија која се манифестира со гледање кон отворените прозори на соседите. За да ја реализирате ваквата желба отидете на некоја сексуална претстава со вашиот партнер.
Самозадоволување
Мастурбација и воајеризам – остварете ги овие две фантазии одеднаш. Гледајте го вашиот партнер како се самозадоволува.
Странец
Необврзувачки, попатен секс со непозната личност – во оваа фантазија уживаат и двата пола поденакво. Има нешто неверојатно секси и мистериозно во анонимноста. Купете перика и една вечер преправајте се дека сте секси Французинка која се изгубила во градот каде живеете.
Секс во тројка
Оваа фантазија е популарна и кај двата пола. Истражувањата покажуваат дека 20 посто од жените минатата година имале секс во тројка. Тие изјавиле дека после тоа искуство, почнале да го доживуваат сексот потполно поинаку.
Секс во јавност
Верувале или не, дури 64 проценти од жените сакаат да излезат од спалната соба и да имаат секс во јавност. Сето тоа е сосем логично кога се има предвид налетот на адреналинот, стравот дека некој може да ги фати и сѐ останато што е поврзано со таквата акција. Меѓутоа, некогаш требате да се криете и во сопствениот дом од очите на домашните, а сепак да уживате во сексот без никој да ве фати. Смислете како.