Најновото истражување на познатата компанија за производство на презервативи се однесува на различните сексуални навики на луѓето во Индија, САД, Јапонија, Јужна Африка, Австралија, Франција, Италија, Германија, Шпанија, Сингапур, Мексико и Бразил. Во анкетата учествувале повеќе од 26.000 испитаници…

deguisement-de-couple-mexicaine-mexicainМажите имаат повеќе партнери од жените

Истражувањето покажало дека мажите имаат повеќе сексуални партнерки за разлика од жените. Единствен исклучок е Мексико каде мажите имаат само 6 партнери во текот на животот, додека Мексиканките имаат дури по 14 сексуални партнери, што е најмногу кај било која друга жена опфатена во оваа студија. Истотака просечен Мексиканец води љубов по 22 минути и се подобри од Бразилците  со 21 минута.

Само 15 отсто од Јапонците задоволни од сексуалниот живот

Во просек Јапонците имаат секс само 48 пати годишно, поради што и не е чудно што само 15 отсто од нив се задоволни со својот сексуален живот. А и како би биле задоволни кога во просек водат љубов на секои 6 до 7 дена.

Просечен Американец губи невиност на 18 години

Верските и културните обичаи прилично влијаат на времето кога младиот човек започнува со сексуалниот живот. Утврдено е дека Бразиците првиот секс го имаат на 17,3 годни, Германците на 17,8 години, а во Сингапур и Индија на 22 годишна возраст.Американците првиот секс го имаат на 18 години.

САД и Сингапур имаат слични сексуални навики

Жителите на САД и Сингапур имаат секс по 85 пати годишно, а тоа е еднаш на 4,2 дена. Британците имаат секс 92 пати годишно, додека Французите и Јужноафриканците посветуваат прилично многу време на сексот дури 120 дена годишно или трипати неделно. Меѓутоа 48 отсто од Американците се задоволни со сексуалниот живот, а само 35 отсто од Сингапурците го мислат истото.
Британките од 64 до 74 години најретко имаат секс
Истражувањето покажало дека колку луѓето се постари толку помалку секс имаат. Само 13,5 отсто од Британките помеѓу 64 и 74 години имале секс месец дена пред истражувањето. Необично е што исто без секс биле 20 отсто жени и 19,5 отсто од момчињата.

Четвртина од Французите  задоволни од сексуалниот живот

Иако Франција е позната по романтиката, а Французите како сензуални љубовници, само четвртина од жителите на оваа земја се задоволни од сексуалниот живот.

Индијките имаат само еден сексуален партнер

Од жените во Индија се очекува да бидат невини до влегувањето во бракот. Интересно е дека еден Индиец во просек има шест партнерки, а кога ќе се зеде предвид горе наведеното се поставува прашањето кои се мистериозните партнерки.

Мексиканците сексуално најзадоволни, Бразилците имаат најмногу секс

Нација кај која сексуалниот однос најдолго трае и е најзадоволна од сексуалниот живот е Мексико. Дури 63 отсто од Мексиканците се целосно задоволни, и додаваат дека со вежбање се доаѓа до совршенство. Кога станува збор за бројки Бразилките водат во сите категории. Имаат 145 пати секс годишно што е три пати повеќе од Јапонките.