
Сигурно сте се измориле од празничните денови, особено ако сте претерале со нездрава храна, алкохол, премногу лежење. Дојде време за закрепнување на организмот и за нова партија секс, пишува српски ” Телеграф”…
Доколку во последно време малку сте попуштиле со активностите во спалната соба, со вклучување на овие сосема природни продукти во секојдневната исхрана, вашиот сексуален живот ќе се искачи на ново ниво и секој ќе ви позавиди.
Чоколада
За среќа, речиси сите ја обожаваат чоколадата. Доколку ви се посреќи вечерта, посегнете по еден-два реда чоколада. Најдобро дејство има црната чоколада со најмалку 70 отсто какао, бидејќи е познато дека нејзините состојки го подобруваат расположението и ја потикнуваат сексуалната желба.
Смокви
Поради аминокиселините во својот состав смоквите се одлични за подобрување на сексуалната издржливост.
Лук
Магичната состојка е алицин кој има моќ да ја подобри циркулацијата на крв во половите органи. Резултатот е силна ерекција и повеќекратен оргазам.
Кафе за неа
Кафето има моќ да го зголеми женското либидо.
Цимет
Мирисот на цимет е арома што ги „пали“ мажите. Затоа дами, или направете колачи со цимет или направете купка со цимет. Штом ќе го почувствува мирисот, крвта ќе надојде во неговиот пенис, а вие со гаранција ќе уживате.
Кантарион
Покрај тоа што чајот од кантарион лечи тага, има и способност да ја разбуди кај нас запаната сексуалност.
Гинко
Гинко билоба ќе му помогне на секој маж кој има проблеми со одржување на ерекцијата.
Женшен
Оваа азиска билка веќе 7.000 години се користи како средство за разгорување на страста. Во гениталиите предизвикува вистинска бура, а при тоа го крева нивото на ментална и физичка енергија, мошне потребна за добар секс.
За фантастичен секс додадете го и ова: шпаргли, краставици, кромид, ѓумбир, бибер, мед, авокадо, лути пиперки, кари, морков, бабани, рен и риба.